Уште во старите времиња, познатата холивудска актерка Мерилин Монро рече дека ако мажот може да направи жена да се смее, тој може да стори сѐ. А зошто е толку вашно да знаете да се шегувате со вашиот партнер, покажало истражувањето на Џефри Хол од Универзитетот во Канзас.
Ако сериозно ја сфатите добронамерната провокација на партнерот, тоа би можело да биде главниот виновник за лошиот однос.
Имено, Хол спровел 39 истражувања во текот на 30 години, во кои биле вклучени повеќе од 15.000 луѓе, а преку неговото истражување открил дека хуморот е клучен дел за градење успешна врска меѓу паровите.
Хол понатаму објаснува дека партнерите треба да споделуваат слично чувство за хумор за да ги добијат најдобрите резултати од врската.
„Луѓето велат дека сакаат нивните партнери да имаат чувство за хумор, но тоа е широк термин. Ако мислат дека сте смешни или дека можете да направите шега од сè, тоа не е она на чија база врската ќе опстане. Во овој случај, се смета дека хуморот е вообичаен, поврзан со задоволството од врската што паровите заедно ја развиваат“, истакна Хол и додаде дека е важно партнерите да се следат во тој контекст.
Да речеме дека вие и вашиот партнер споделувате чудно чувство за хумор, но романтичните комедии не допираат до вас. Не е дека некој стил или смисла за хумор е подобар или полош од некој друг, туку е само важно да се разберете едни со други и да не го доживувате чудниот хумор како хистерија.
„Ако ја делите смислата за хумор, тоа ја потврдувате вашата врска преку смеа“, вели овој истражувач.
Во друга студија, тој наведува дека можноста да се засмеат едни со други, создава безбедност меѓу партнерите.
„Смеењето заедно е важен показател за романтична привлечност меѓу потенцијалните партнери“, истакнува тој.
Како и да е, тоа не значи дека треба да го исмејувате партнерот или хуморот да го користите за да бидете груби, туку дека треба да го усогласите разбирањето кога се шегувате на штета на друг.
извор: Убавина и здравје