Луис ван де Велде тврди дека годините за жените се само бројка, па поради тоа тие немаат предрасуди кон повозрасните мажи.
„Жените дури кога ќе се погледнат во огледало ги гледаат знаците на стареење. Кај мажите причините се поинакви, па помлада девојка како партнерка предизвикува ист ефект како скап автомобил или часовник – воодушевување и значење“, вели таа.
Според нејзините зборови, мажите всушност ја користат помладата партнерка за да покажат колку и тие самите се успешни.
Иако причините поради кои мажите и жените бараат помлади партнери се потполно разбирливи, Луис вели дека ваквите врски имаат неколку недостатоци.
Имено, во овие врски настанува проблем кога со годините почнуваат да се менуваат интересите, како и нивото на енергија на партнерот. Познато е дека мажите и жените својот „врв“ во сексот го достигнуваат во различни години – мажите во почетокот на 20-те години, додека жените во доцните 30-ти и почетокот на 40-те години, па така, додека мажот може да задоволи повозрасна жена, повозрасен маж нема да може да задоволи помлада.
„Тоа не е нешто што може да се занемари – сексот е клуч за успешна врска, која се одржува со добра комуникација“, вели таа.
Сепак, ако партнерите ги прифатат различностите, тогаш балансот на незрелост и младешкиот ентузијазам може да го одржи и духот на постариот партнер за да се чувствува помладо.
Недамнешното истражување го докажало тврдењето дека повозрасните мажи навистина бараат само помлади жени. Мажите помеѓу 60 и 69 години бараат партнерка 11 години помлади од себе. Сепак, додека се помлади, ситуацијата е поинаква, па мажите до 30-те годии бараат жени од три до шест години постари од себе.
„Помладите мажи веројатно го препознаваат квалитетот на постарите жени, кои истовремено завршуваат семејни обврски, кариера, деца, домаќинство, вежбање, финансии и излегување. Тоа ги интригира и привлекува и им делува како посигурна опција“, заклучува Луис.
извор: точка.мк