Љубов и Секс

Едноставни начини да ја импресионирате личноста што ви се допаѓа

Едноставни начини да ја импресионирате личноста што ви се допаѓа

Ако постојано размислувате за некое момче, сигурно барате начини да го привлечете неговото внимание и да бидете неодоливи. Дури и ако често добивате комплименти од другите за вашиот физички изглед, треба да знаете дека тоа не е доволно за да го импресионирате момчето кое ви се допаѓа.

Не биди некој што ги осудува другите

Еден од најдобрите начини да направите навистина да му се допаднете и да го воодушевите со вашиот став е да не ги осудувате изборите што ги прави, без разлика дали се согласувате со нив или не. Последното нешто што сакате е да звучите како мајка му, или уште полошо, бившата што ја откачил токму поради таа причина. Нема ништо поодбивно за момците од тоа да имаат некој околу себе кој си дава за право да ги осудуваат другите.

Бидете насмеани и позитивни во негова близина

Погрижете се да му дадете на тој посебен човек до знаење дека уживате во неговото друштво со тоа што секогаш ќе сте насмеани и позитивни. Девојките на кои насмевката не им се симнува од лицето се многу попривлечни за мажите од оние кои се резервирани и намуртени. Вашето насмеано лице ќе му даде самодоверба и ќе го натера повеќе да сака да биде во вашето друштво.

Покажете му дека имате свое „јас“

Извадете ја од главата идејата дека на еден дечко ќе му се допаднете само ако се согласувате со него во сè. Мора да му покажете дека сте некој кој има свое „јас“, односно дека нашол некој што е рамен на него. Погрижете се вашиот глас да се слушне и да стоите зад вашите зборови. Покажете му дека имате доволно самодоверба и дека не сте некој што слепо ги следи другите. Ќе биде импресиониран од вашата самодоверба и фактот дека не сте како сите други девојки.

Не плашете се да започнете дебата со него

Не е дека треба да започнете расправија, туку дека треба да се обидете да ги вкрстите своите мислења. Не плашете се да не се согласувате со неговата гледна точка и да започнете интересна дебата. Интелектуалната стимулација е многу често посилна од која било друга. Затоа, секогаш кога имате можност, „фрлете“ некоја интересна тема пред него и прашајте го што мисли за тоа. Ќе биде импресиониран не само од широчината на вашите мисли, туку и од начинот на кој ги гледате работите.

извор:popara.mk

To top