Љубов и Секс

„Една година немав сексуални односи, еве како тоа ми го промени животот“

„Една година немав сексуални односи, еве како тоа ми го промени животот“

Новинарка и блогерка една година апстинирала од секс, а потоа на порталот „Mindbodygreen“ опишала како тоа ѝ го променило животот.

„На Св. Валентин минатата година плачев во када. Бев тажна бидејќи сум сама, се прашував дали некогаш ќе запознаам некој и копнеев за подлабока врска. Но, уште тогаш требаше да сфатам дека врската која навистина ми беше потребна, беше со самата себе“, ја започнала својата исповед Миша В.

„Всушност, никогаш навистина не си дадов време да се запознаам и прифатам себеси како сексуално суштество. И така, после исклучително болни и неисполнети врски, одлучив да одговорам на подлабоките интимни потреби, кои се обидував да ги задоволам преку секс.

Иако првично не одлучив една година да се воздржувам од секс, моето единствено правило беше радикално да се сакам и да не барам партнер додека не сум навистина подготвена.

Една година подоцна од апстиненцијата, мојот поглед кон светот драстично се промени. Иако сè уште сум сама, за оваа година научив повеќе за љубовта, сексот и односите, отколку низ сите врски и излегувања низ кои претходно сум поминала. Нормално, не велам дека треба да бидеш воздржан за да ги научиш тие работи, тоа едноставно беше моето искуство и благодарна сум за она што го научив.

Во текот на изминатите 12 месеци, овие 5 најважни работи ги научив за љубовта и за сексуалноста:

1. Моето тело е неверојатно
Во повеќето од своите романтични врски, се срамев од своето тело. Секогаш избегнував партнерот да ме види потполно гола. После сексот, брзо се покривав со нешто.

Како прво, бев многу самосвесна и мислев дека не изгледам како идеалните жени од филмовите и магазините. Второ, можеби затоа што пораснав во верска заедница, после сексот обично чувствував таква вина, што не сакав никој да ме гледа.

Во текот на изминатата година, си земав време за подобро да се запознаам со своето тело. Пред почетокот на ова патување, бев оптеретена со тоа како ме гледа мојот партнер. Сега прифаќам дека моето тело е единствено и го прифаќам.

Времето за размислување ми дозволи да се чувствувам благодарно за сè што моето тело направило за мене. Им даде живот на четири неверојатни деца. Сега, кога се бањам, често тоа го правам со свеќи и се восхитувам на секој сантиметар од своето тело. Ги прославувам своите единствени облини, стрии, па дури и целулит. Многу сум му благодарна на своето тело и сега многу повеќе се грижам за него.

А кога еднаш ќе одлучам своето тело да го споделам со некого, ќе бидам многу повнимателна, појасна и присутна во тоа искуство.

2. Чувствителна сум и тоа е во ред
Сфатив дека во минатото често се обидував да ја потиснам својата потреба за физичка поврзаност и љубов во сексот. Не бев секогаш сигурна што точно сакам за време на сексот. Не знаев како или каде сакам да бидам допрена и како резултат на тоа, често после сексот останував неисполнета. Со оглед на тоа дека бев толку очајна за поврзување, никогаш не си земав време за себе, за да откријам што навистина сакам.

Откако сексот го исфрлив од состаноците, имав многу повеќе време да се посветам на она во што уживам. Нешто толку едноставно и прекрасно, како пилинг на тело, ме научи на тоа како кожата реагира на притисок, триење и стимулација. Уживам во светот на сопствените чувства. Палам миризливи свеќи, користам етерични масла, ги прегрнувам своите деца цврсто и долго, се држам за раце со пријателите, слушам смирувачки звуци и подготвувам вкусна храна – сето тоа на начин кој не е сам по себе сексуален, но длабоко испонет со задоволства.

3. Ставовите кои ги имав за сексот потекнуваат од моето минато
Поради религиозното воспитување имав огромна количина на вина и срам од сексот и сексуалноста. Жените кои имаа секс надвор од бракот, беа означени како проститутки. Нормално, тешко е да имате здрав однос кон нешто за што цел живот ви велат дека не би требало да го правите.

Низ годините сфатив дека ставовите кои ги имав за сексот се формирани пред воопшто да станам сексуално активна. Повеќе ги поврзувам правилата и срамот со својата сексуалност, откако се доведов до точка во која ја прифатив светоста на своето битие и почнав свесно да ослучувам со кој, како, кога и каде ќе го споделам своето тело.

4. Има толку многу љубов околу нас
Јас сум глупав романтичар длабоко во себе. Сепак, мојата фиксација на тоа да сум во врска, често оставаше значајна слепа точка за сите други прекрасни облици на љубов кои постојат во светот. Кога одлучив да се сакам и прифатам самата себе, станав поотворена, посвесна и поблагодарна за љубовта кон моето семејство, пријателите и за својот Створителот.

5. Можеби не бев подготвена за врска – и тоа е во ред
Бев подготвена да бидам најдобар партнер што можам. Сакам квалитетно и рамноправно партнерство, исполнето со здравје, љубов, разбирање и созревање. Верувам дека најдобар начин за да имаме цврст однос е да бидеме онаков партнер каков што самите бараме. Затоа, задоволна сум и возбудена што созревам, исцелувам, сакам и еволуирам во најдобрата верзија од себе.

Кога повторно ќе бидам подготвена за сексуална активност, се радувам на вистинска интимност и подобар квалитет на врската.“

Поврзани теми

To top