Луѓето што користат апликации за запознавање треба да избираат фотографии кои најдобро ги покажуваат, бидејќи на тој начин оставаат прв впечаток кај потенцијалните партнери. Но, со објавување на една фотографија многу често можат да бидат „означени“ како непожелен партнер.
Како што пишува Metro, новото истражување покажало дека постои една работа што ќе ги обесхрабри потенцијалните партнери да започнат комуникација на апликациите за запознавање. Станува збор за објавување фотографии од теретана.
Истражувањето покажа дека повеќе од 59% признале дека фотографиите од теретана на профилот на апликацијата за запознавање се т.н. „црвено знаме“, или предупредувачки знак. Сепак, тоа не значи дека самата теретана е недостапна за романса.
Истото истражување покажа дека повеќе од 50% од луѓето мислат дека флертувањето во теретана е пожелно и добро. Еден од 20 луѓе се преправа дека сака да вежба за да ги импресионира другите во теретана.
Но, иако многу луѓе не сакаат да гледаат селфија од теретана на апликациите за запознавање, тоа не значи дека не ги сакаат луѓето што вежбаат.
Исто така, студијата спроведена од апликацијата за личен тренер Zing Coach, напојувана со вештачка интелигенција, покажа дека 84% од луѓето рекле дека вежбањето со романтичен партнер е „жешко“, додека 73% од луѓето мислат дека паровите кои вежбаат заедно имаат посилна врска.
Меѓутоа, ако барате начини да го подобрите вашиот профил на овие апликации, професорката на Универзитетот во Калифорнија, Џулиана Шредер, неодамна спроведе студија барајќи од учесниците да ги оценат профилите за запознавање од две различни страници.
Таа откри дека претпочитаните профили се оние што нагласуваат дека сака да знае нешто за другата личност наместо да ги нагласува сопствените атрибути. Значи, ако кажете нешто како „она што би сакал да го знам за вас е…“ на вашиот профил за запознавање, има добри шанси да бидете поуспешни во потрагата по љубов.
Извор: Кајгана