Радио Милева

Џенифер Анистон не е првата на која Анџелина Џоли и го украла мажот

Џенифер Анистон не е првата на која Анџелина Џоли и го украла мажот

Актерката Анџелина Џоли отсекогаш го привлекувала вниманието на медиумите и јавоста, како поради филмските улоги, така и поради приватноста.

Џоли во почетоците се издвојуваше со својата специфична убавина, но и специфично однесување.

Периодов најпозната е по бракот и разводот со актерот Бред Пит кој и го украде на актерката Џенифер Анистон додека тие беа во брак, а Џоли и Бред тогаш го снимаа заедничкиот филм „Г-н и Г-ѓа Смит“.

фото:анџелина џоли/инсатграм/принтскрин

Но, Анџелина Џоли пред тоа двапати беше во брак.

Првиот сопруг и беше актерот Џони Ли Милер, додека второто судбоносно „да“ му го кажа на постариот колега Били Боб Торнтон.

Многумина  забележуваа дека го заведе Бред додека беше во брак, но до медиумите стигнала и приказната за почетокот на врската со Торнтон.

Се запознале на снимање на филмот „Сè е под контрола“, а се венчале во Лас Вегас на 5-ти мај, 2000-та година, само после 2-месечна врска. Во тоа време Торнтон бил верен со актерката Лаура Дерн.

фото:принтксрин

Според американските медиуми, Лаура била шокирана кога дознала дека нејзиниот вереник се венчал со многу помлада колешка, а притоа воопшто не размислувал дека веќе е верен со друга.

„Заминав од нашата куќа бидејќи морав да работам на филм, а додека не бев таму, мојот вереник се венчал и повеќе никогаш не се слушнавме“, рекла таа во едно интервју.

„Луѓето можат да кажат дека ја оставив девојката и се венчав со друга, но мене тоа ме усреќи и усреќи уште некој. Жал ми е што некому предизвика болка“, рекол Торнтон.

Неговиот брак со Анџелина не траел долго. Во март, 2002-ра година најавиле дека ќе посвојат дете од Камбоџа, а само три месеци подоцна се развеле.

Анџелина подоцна рекла дека двајцата се промениле, додека тој изјавил дека секогаш имал чувство дека не е доволно добар за неа.

To top