Новогодишните и Божиќните празници се едни од најубавите бидејќи семејство се собира во домот каде што владее празнична атмосфера.
Со полна трпеза, радост и веселба ги очекуваат празниците, едни од најубавите поводи кога сите се сплотени и заедно.
Православните христијани вчера го славеа првиот ден од Божиќ , а по тој повод многу македонски јавни личност се огласија на социјалните мрежи со честитка за здравје, мир, среќа, спокојство.
Сузана Турунџиева имаше повод за двојна среќа во нејзиниот дом, па освен Божиќ, таа имаше уште една причина за славење.
Имено, нејзинита ќерка Матеа славеше роденден, а по тој повод Турунџиева на својот „Фејсбук“ објави фотографија со ќерката, а во описот на истата напиша:
„Двојна среќа е во ист ден кога е роден Синот Божји, да родиш уште една ќерка мајкина…
Матеа, среќен 11ти роденден светулке моја. Честит Божик пријатели!“
Под објавата се нижеа честитки и убави желби за роденденот на Теа, но и пораки и убави мисли за Божиќ.