Љубов и Секс

Две реченици за време на расправија кои можат да бидат знак дека можеби е време за раскинување

Две реченици за време на расправија кои можат да бидат знак дека можеби е време за раскинување

Без разлика колку е стабилна,здрава и страсна љубовна врска,повремените несогласувања се сосема нормални.

Експертите веруваат дека расправијата е повеќе од пожелна,а некои студии дури покажале дека паровите кои повремено се караат повеќе се сакани.Меѓутоа,во некои врски на самиот почеток се појавуваат црвени знамиња кои како аларм укажуваат на прекин.

Додека некои парови ги препознаваат и навреме ја прекинуваат врската,други не ја прифаќаат реалноста,остануваат заедно и на тој начин си ги комплицираат животите.Значи,во здрави односи засновани на толеранција,доверба и почит,расправиите се инструмент преку кој партнерите можат подобро да се запознаат.Затоа во вакви ситуации треба да се слуша другата страна и да и се дозволи да го кажат своето мислење.

Темата на расправијата понекогаш не е вистинската причина за негативните емоции,па затоа треба да се земе предвид.

На пример, ако една жена експлодира поради валканите чорапи на нејзиниот партнер на подот во бањата,таа всушност е лута поради неговата неодговорност и непочитување на куќните правила.Тоа се случува затоа што паровите го изразуваат своето незадоволство само кога се лути,наместо да започнат конструктивен разговор во моменти на мир и љубов.

Квалитетна врска е онаа во која почит се чувствува дури и во моменти на жестока расправија.Ваквата врска има светла иднина бидејќи партнерите покажуваат дека пречките се составен дел од животот и нивната врска.

Особено е важно да најдете добар тон на расправија за оние парови чија врска виси на конец.Зборовите болат многу повеќе од постапките,а расположените луѓе можат да кажат непромислени реченици кои го погодуваат срцето како куршум.

Експертот за врски Кристин Веро истакна две реченици кои паровите можат да си ги кажат во моменти на расправија,а поради кои нивната врска автоматски е осудена на пропаст.На почетокот не делуваат грубо и грдо,но кога ќе размислиме малку повеќе – содржат потврда дека врската нема иднина.

-Првата алармантна реченица гласи:Јас сум каков/каква што сум,не сакам да се менувам.

Како прво, врската е компромис.Ако партнерот искрено кажал што му пречи,а другата страна не сакала ни да размислува за тоа – таа врска дефинитивно нема потенцијал.На почетокот тривијална,оваа реченица е смртна казна во секоја врска која виси на конец.

-Друга алармантна реченица гласи:Ти го избра ова,земи или остави.

Луѓето кои ја кажуваат оваа реченица покажуваат себичност.Љубовната врска е двонасочна улица каде компромисот е главното правило.Ако едната страна ја префрли целата одговорност на другата,а попатно покаже незаинтересираност,тоа значи дека во врската нема ниту љубов ниту почит.

Извор: Попара

To top