Радио Милева

Драгана и Цеца со години водат „војна“ на естрадата, а сега Мирковиќ проговори за свадбата на Вељко и Богдана

Драгана и Цеца со години водат „војна“ на естрадата, а сега Мирковиќ проговори за свадбата на Вељко и Богдана
фото: телеграф

Фолк пејачката и сопственичката на ДМ САТ телевизија, Драгана Мирковиќ за себе вели дека е среќна жена.

Како што вели, таа е благодарна за се што има, за своето семејство, музичката кариера, колегите….Иако има некои од нив со кои не е во добри односи, таа вели дека кога би побарале извиниување би им простила.

Имено, добро познато е дека Драгана Мирковиќ  и Светлана Цеца Ражнатовиќ не се во најдобри односи, односно дека наводно двете пејачки не се поднесуваат.

фото: Промо

Така, настана општ хаос кога претходната година на симањето на новогодишната емисија Мирковиќ ја поздрави Цеца, па во регионалните медиуми се најдоа разни наслови за нивната средба.

Во недела свадба правеше синот на Цеца, Вељко Ражнатовиќ со неговата избраничка Богдана Родиќ. Меѓу бројните гостите од јавниот свет се најде и сопственикот на „Пинк“, Жељко Митровиќ и неговата сопруга.

Милица Митровиќ на својот „Инстаграм“ објави фотографија од свадбата, а веднаш под фотографијата се најде и коментарот на Мирковиќ која напиша: „Уживајте“:

фото: Инстаграм

Многумина беа изненадени од овој потег на фолк дивата бидејќи знаат дека таа не е во најдобри односи со Цеца

Гага иако не е во добри односи со Ражнатовиќ и честиташе на венчавката и им посака се најдобро на нејзините деца.

„Секогаш се радувам на туѓата среќа, а посебно сум емотивна на децата. Ако на децата на моите колеги им се случува нешто убаво, па и ако ме мрзи таа личност, јас искрено ќе се радувам на нивната среќа“ вели пејачката  и објасни зошто почувствувала потреба да остави коментар под фотографијата.

фото: Промо

„Секако дека знаев каде настанала фотографијата и знаев дека се на свадба. Од срце им посакав да уживаат бидејќи станува збор за нешто убаво и весело. Свесна сум дека многумина на мое место не би оставиле место, но јас оставив. Од срце им посакувам се најубаво. И јас сум мајка, имам син, ја разбирам среќата, нормално е да им посакате среќа, па дури и на луѓето со кои не сте во добри односи“ вели сопственичката на „ДМ САТ“ , па додава:

„И со Сека Алексиќ не разговарам, но кога доби син и честитав од срце. Тоа го направив јавно на една телевизија, иако никој ништо не ме праша.Сама го направив тоа бидејќи почувствував потреба и знаев дека многу сака да има дете“ вели пејачката.

Неодамна, Мирковиќ се смири и со нејзиниот колега Миле Китиќ и вели дека не би имала ништо против да се смири и со Сека.

Останати вести од Радио Милева