Љубов и Секс

Дознајте дали вашата партнерка глуми оргазам

Дознајте дали вашата партнерка глуми оргазам

Разни истражувања покажуваат дека дури 70 проценти од жените барем еднаш во животот одглумиле оргазам, а пак други истражувања покажаа дека мажите не секогаш го препознаваат одглумениот оргазам.

Една студија во која се анкетирани парови покажала дека 19 % од женските глумат оргазам, меѓутоа 16 % од нивните партнери веруваат дека го препознале одглумениот оргазам.

Жените најчесто глумат оргазам за да го задоволат партнерот и да направат да не се чувствува лошо, а за изостанокот на оргазмот најчести виновници се стресот, уморот и недостаток на комуникација во врската.

Иако некои знаци (забрзано дишење, грчење на мускулите, забрзан пулс…) воглавно покажуваат дека некој ближи кон врвот на уживањето, тоа не е верен начин за препознавање на оргазам. Најдобар начин за да откриете дали оргазмот бил лажен е да прашате. Но, ни тогаш никој не ви гарантира дека ќе ја слушнете вистината.

Меѓутоа има и такви кои тврдат дека постојат знаци ако оргазмот е вистински. Еве неколку:
– забрзано чукање на срцето
– забрзано дишење
– проширени зеници
– црвени и набабрени усни
– грчеви на вагиналните мускули

Ако сте ги забележале за време на секс, или ако изостанале – сè ви е јасно.

To top