Љубов и Секс

Доведете го вашиот партнер до лудило

Доведете го вашиот партнер до лудило

Точно е дека машките обожаваат секси долен веш, високи потпетици и фустани кои на девојките ги истакнуваат облините, но постојат и многу поедноставни работи кои знаат да ги доведат до лудило.

Машките многу повеќе ги сакаат девојките кога тие се во нивното природно издание отколку кога се комплетно намонтирани. Повеќето машки кога би можеле да бираат би се одлучиле за девојка која е без шминка и во домашно издание, отколку таа иста девојка нашминкана. Секако, машките не се противат на секси долен веш, високи потпетици, малку шминка и сè останато, тие сакаат да видат тип-топ средена девојка, но постојат многу поедноставни работи кои знаат да ги привлечат како магнет, а нема да верувате за што се работи.

Во прашање се 4 ситуации:

Коса
За машките нема ништо попривлечно од тоа кога ќе го почувствуваат мирисот на свежо измиената коса. Тие го обожаваат и моментот кога девојката несвесно поминува со прстите низ нејзината коса, ја врзува, си игра со неа… Девојките за тоа најчесто и не се свесни, но овие моменти можат автоматски да го „запалат“ и да посака да ве љуби со часови.

Стомачето
Иако помеѓу девојките се говори дека машките сакаат рамно стомаче, ситуацијата е сосема друга. Машките сакаат девојки кои имаат мало стомаче, а пак моментот кога тоа ќе се види од под маицата додека девојката се истегнува, се наведнува или прави нешто друго? За нив тоа е непроценливо.

Искрена насмевка
Машките ја сакаат женската насмевка, особено онаа искрената, широката, која добро ви го стега стомачето и од која ви се гледаат сите заби. Уште ако знае дека тој е заслужен за неа, на неговата среќа нема да има крај. Бидете сигурни дека во некои моменти сте му толку слатки што посакува да ве изеде.

Соблекување на градникот
Овој чин на машките делува како магија. Се хипнотизираат секој пат кога ќе тргнете да го соблечете градникот од под маицата, а потоа да го извлечете од ракавот. Затоа немојте да се чудите ако после тоа ви „скокне“ и почне да ве љуби.

To top