Живот и Стил

Домашните мачки да не се пуштаат надвор, препорачуваат ветеринарите

Домашните мачки да не се пуштаат надвор, препорачуваат ветеринарите

Британските ветеринари препорачуваат домашните мачки да не се пуштаат надвор, како превентивна мерка против ширењето на новиот коронавирус, јави Би-Би-Си.

Сепак, сопствениците на мачки „не мора да се грижат“, додаваат од Британската ветеринарна асоцијација.

–Нема случај на домашно милениче, куче или мачка, да го заразило својот сопственик со Ковид-19, рече д-р Анжел Алмендрос, од Градскиот универзитет во Хонг Конг.

Мачките е добро да не излегуваат надвор, затоа што новиот коронавирус може да им остане во крзното, како и на која било друга површина, доколку тие биле во контакт со заразено лице. Затоа, забраната за излегување треба да се однесува и на домашните миленичиња.

извор:курир.мк

To top