Трагедијата се случила утринава околу 6.30 часот на улицата „Кемал Сејфула“ кога 43-годишниот Мухамед со сигнален пиштол ја убил една година помладата сопруга Наџија Сула. Причината за убиството е неверство – ова е само еден од случаите во полициските билтен кога неверството завршува фатално.
Се почесто полицијата објавува информации за убиства и самоубиства за кои причината се љубовни проблеми. Истовремено секојдневно сме сведоци на голем број случаи во кои скопјани во домашна атмосфера уживаат во хармонијата на семејството со партнерот, а забавите и прославите ги поминуваат во друштво на неколку години помлад или драстично постар партнер.
Во анкета која е спроведена на еден македонски форум дури 78% од испитаниците одговориле дека не би простиле неверство, а 22% позитивно одговориле на ова прашање. Друга македонска анкета вели дека 73% од испитаниците одговориле позитивно на прашањето: Дали некогаш сте изневериле?
„Јас имам простено неверство еднаш, но тоа не е простовање. Кога ќе се обидете да простите неверство вие останувавате да живеете со човекот, но неверството никогаш не може да се прости“– вели Горан од Скопје.
„Неверство не би простила бидејќи е најдолниот удар што може да ти го зададе партнерот..неверството е индикатор дека у врската нешто не е во ред..тоа неверство на пијано на незнам какво е чиста глупост ..ако некој вистински те сака нема да те изневери или да направи било што да те повреди..а верувајте на многу луѓе им се случува ако партнерот им го простил неверството тие повторно да го изневерат..затоа јас мислам не..“ – коментира Марија од Скопје.
Неверството најчесто завршува со развод
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2016 година, во споредба со претходната година, е намален за 7.0% и изнесува 13 199 склучени бракови. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92.5% за жените и 91.2% за мажите.
Во втор брак, со учество од 8.1%, и трет брак, со учество од 0.7% во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите. Во 2016 година, во најголем број од склучените бракови жените биле на возраст од 20 до 24 години со учество од 33.7%, а мажите во старосната група од 25 до 29 години со учество од 37.1%. Бројот на разводи во 2016 година бележи намалување од 9.8% во споредба со 2015 година и изнесува 1 985 разведени бракови. Најмалку бракови, 39 или 2.0%, во текот на годината се разведени во јуни, а најмногу во март, 245 или 12.3%. Според возраста на сопругата, најголем број на разводи се случиле во старосната група од 25 до 29 години, со учество од 18.6%, a според возраста на сопругот, во старосната група од 35 до 39 години, со учество од 18.0%.
Јануари е месец на неверство
Насекаде во светот се забележува дека најмногу сексуални контакти има во јануари, кога се празниците и човек си ја опушта душата и ќесето. Тоа го вели во едно интервју з д-р Веселин Герев. Тој додава дека зголемената употреба на алкохол ги турка луѓето кон промискуитетна врски. Според психијатрот, во јануари има најмногу разводи, бидејќи повеќето партнери го фаќаат партнерот во неверство. “Што се однесува до лошата демографска ситуација на пример во Бугарија, ова се должи на фактот дека денес повеќето парови живеат без брак, што укажува помалку обврски и психолошко оптоварување.
Не постои дефиниција за неверство
Поради некоја причина, магазините за жени и мажи се обидуваат да го кодифицираат неверството и ги советуваат паровите како да го препознаат чинот на неверство од случај до случај. Некои би рекле дека единствениот чин на неверство е оној во кој постои физички допир, а не е неверство ако испратите фотографија на која вие сте голи. „Тоа беше само сајбер секс“ – илјадници пати сме го слушнале овој изговор.
Сето тоа е глупост. За било кој чин со цел да се компензираат недостатоците во вашата врска и вклучувањето на третата личност може да се каже дека ја преминува границата. Ова вклучува и размена на експлицитни пораки на телефон и на интернет, фаќање за гради, фаќање за гас, секој интимен чин што вклучува физички допир.
Пијанството за време на извршувањето на чин не се квалификува како олеснителна околност. Добро, можеби не би можело баш се горе наброено да значи неверство на партнер, меѓутоа дефинитивно значи одење кон таа насока, што во суштина е иста работа.
Ако изневеруваш, нешто не е во ред со вашата врска
Ако се наоѓате во среќна врска која сексуално ве исполнува, обично нема потреба да ја испитуваш содржината од туѓиот долен веш. Кога ќе се потсетам на сите мои неверства, единствениот заеднички фактор е фактот дека сите се случуваа додека полусвесно вложував напор да одржам функционална врска поради која постојано бев депресивна.
Понекогаш не ми се допаѓаше дечкото со кој бев во врска, но понекогаш ми се допаѓаше но се пресели и стана Скиентолог. Без оглед на причината, неверството е корисно бидејќи може да разјасни како работите стојат – освен во случај да немаш ниту минимална способност за самоанализа. Обично човек сфаќа дека моменталната врска не го прави среќен ако забележи дека во секоја соба, улица, теретана или вц агресивно бара делови од телото на непознати луѓе.