Нова година, нова цел, нова љубов? Доколку сте решени оваа година да се посветите на љубовното поле, еве што треба да направите за да ги зголемите шансите да го запознаете вистинскиот партнер за вас.
Со истите навики не треба да очекувате поинакви резултати. Доколку постојано бирате ист тип на партнер, а во врската се однесувате според некој шаблон, време е да промените нешто.
Обидете се да излезете од комфор зоната која ќе ви донесе ново љубовно искуство.
Бидете поактивни оваа година
Доколку слободното време го поминувате со најблиските пријатели, не може да очекувате дека ќе запознаете некој толку лесно.
Излезете од дома, оставете го телефонот, запишете се на некаков курс, посетувајте часови по јога или правете го сето она што ве интересира. Тоа е добар начин да запознаете некој којшто има исти интереси како вас.
Заборавете на вашите критериуми
Доколку сте сами веќе некое време, можеби треба да ги преиспитате вашите критериуми. Наместо да правите список на карактеристики кои потенцијалниот партнер треба да има, а што не треба, изберете некој којшто ќе ви освои со неговиот шарм и смисла за хумор.
Бидете искрени и отворени
Не треба да бидете со некој затоа што ви е здодевно или бидејќи сте осамени. Доколку ви се допаѓа некој, покажете му го тоа. Доколку не сте заинтересирани не губете време.
Држете се до договорот
Доколку договорите состанок, држете се до тоа. Не измислувајте причини за да го избегнете состанокот бидејќи имате трема или сте несигурни.
Откажете се од постојаното допишување. Наместо тоа, излезете на состанок и уверете се дали таа личност ќе ви се допадне, во спротивно не губете скапоцено време.
Не играјте игри
Бидете пристојни, искрени и однесувајте се како возрасна личност. Не играјте се со емоциите на другите луѓе, не очекувајте дека ќе ви се случи нешто убаво доколку не се однесувате убаво со другите луѓе.
Не одбивајте некој поради лошите поранешни искуства
Какви и да биле вашите поранешни врски, имајте на ум дека личноста којашто сте ја запознале нема никаква врска со тоа.
Доколку сте биле повредени, не казнувајте го новиот партнер. Имајте на ум дека секоја нова врска е шанса за нешто ново и убаво во вашиот живот. Не осудувајте ја врската на пропаст доколку сте биле повредени или огорчени.
На крај, бидете добри и љубезни кон луѓето коишто го заслужуваат тоа. Бидете пристојни, дури и кон оние коишто не го заслужуваат тоа. И никогаш не заборавајте дека вредите. Не прифаќајте помалку од она што го заслужувате.
извор: Кајгана