Доколку крвната слика ви е лоша, тогаш обидете се да ја подобрите со природни препарати, а во овој случај ви пренесуваме рецепт кој е вистинска витаминска „бомба“.
Потребни состојки:
– 200 милилитри мед;
– 200 грама ореви;
– 200 грама суво-грозје;
– 200 милилитри сок од цвекло;
– 2 лимони.
Подготовка:
Измијте ги лимоните, исечете ги на половина и извадете ги семките. Измелете ги со кората и ставете ги во некоја тегла од еден литар. Во смесата со мелен лимон додадете мед, цеден сок од цвекло.
Потоа во смесата додадете ситно исечкани ореви и суво-грозје. И повторно се помешајте.
Ќе добиете околу 1 килограм вкусна и здрава лековита смеса. Теглата чувајте ја во фрижидер.
Начин на употреба:
Смесата консумирајте ја три пати дневно, по една лажица.
Извор: точка.мк