Научници тврдат дека не само што не постои љубов на прв поглед, туку дека такво нешто е и невозможно. Всушност, луѓето се вљубуваат на прв поглед во луѓе кои веќе претходно ги познавале, тоа е личност која неколку пати претходно ја виделе на улица, на работа, во кафуле.
Можно е да станува збор за познаник кој одеднаш ви се променил или личноста во која сте се вљубиле личи на некого што веќе го познавате или сте го виделе.
Љубов на прв поглед е лично искуство кое најчесто ќе го сретнеме во книгите и филмовите. Главниот лик чувствува екстремна романтична атракција кон странец или лик кој го гледа за прв пат. Во поезијата, уште во антички времиња, феноменот на вљубување на прв поглед е најчестата тема и се подразбира како концепт на страсна љубов или еден вид лудило (лудило од боговите – „theia mania“). Оваа страсна љубов најчесто е опишана низ метафорска и митолошко-психолошка шема во која се вклучени и љубовните стрели на Ерос или Купидон, богот на сексот, љубовта, страста.
Дали верувате во љубов на прв поглед? Според истражување во 2017 година на сајтот за состаноци Elite Singles, 61 процент од жените и 72 проценти од мажите веруваат дека љубовта на прв поглед е реална.
Научниците имаат објаснување и за ова. Според д-р Триша Стратфоер, кога чувствувате дека се вљубувате во некого всушност во вашиот мозок се случува хемиска реакција. Мозокот создава допамин и серотонин и поради овие хемикалии може да почувствувате инстантна привлечност кон некого, и сè додека вашиот мозок може да почувствува дека поврзаноста дека е возвратена, таа ќе постои.
Всушност, љубовта на прв поглед може да биде позитивна илузија која вие и партнерот ја создавате. Истражување од 2017 година на Универзитетот Гронинген откри дека луѓето кои доживеале искуство како љубов на прв поглед завршиле во долги врски со таа личност.
Љубовта на прв поглед е искуство кое луѓето навистина го доживуваат, но не како страст или љубов. Всушност, тоа е цврста привлечност која отвора можности за создавање врска. Љубов на прв поглед може да се случи повеќе пати и не секогаш завршува како врска, може да чувствувате привлечност кон некого, а да не сте во врска со него.
Но, кога љубовта на прв поглед отвори можност за врска, приказната зад почетокот на врската е романтична и ја доживуваме токму како таква, велејќи дека сте се вљубиле во него на прв поглед.
извор: кајгана