Познатата пејачка и актерка Џенифер Лопез важи за една од најубавите и најзгодните жени на светот, а сега повторно ги воодушеви сите со својот изглед.
Имено, таа на еден настан се појави во облека што го одзема здивот.
Џенифер облекла интересен бел фустан украсен со розови цветови, а се завршила со сандали и розова чанта. Нејзиниот кармин беше во истата нијанса, а косата ја врзала во пунџа.
Како накит носеше дискретни обетки и голем прстен, а многумина изјавија дека ова е едно од нејзините најдобри изданија досега.
„Убава“, „Совршен стајлинг“, „Дали навистина си човечко суштество?“, „Совршен“, „Прекрасен фустан“, „Како Барби“, „Кралица на Барби“, се само дел од коментарите.
Фото: Принтскрин/Инстаграм