Во животот ништо не е црно и бело, ама не е ниту розово. За радио водителот и маркетинг менаџер Димитар Анатасовски и сопругата Сара Мејс редовно сведочиме на објави за нивниот весел и исполнет семеен живот.
Сепак, тоа е така за пред камерите, и навистина е реално, но она кога камерите се исклучени не секогаш е така шарено и весело. Токму за таквите моменти кои ги поминал Димитар раскажа во интервјуто за „Ти реков ми рече“ кај јутјуберот Давид Давидовски. Оние што изгубиле драга и блиска личност од семејството, најјасно знаат за болката што човек ја доживува и живее со истат, а токму за таа празнина и неочекувано брза загуба на мајка си, Димитар отвори душа пред јавноста за деновите откако ја нема неговата мама која починала од канцер.
-Мајка ми многу брзо, на многу чуден начин си отиде од овој свет. Затоа што и беше дијагностициран канцер во јули, а во декември веќе почина. Така што… Можеби сега ќе кажат и доктори и луѓе кои што го преживеале ова затоа што веќе не познавам фамилија во државата што нема некој кој што е болен од кандер за жал. Но, за мене тоа беше накако многу брзо и многу се развиваше брзо, ама па за мајка ми ме научи што и да се случува, животот оди понатаму…Значи јас, мајка ми дента ја погребавме, попладнето одидов на емисија на радио, зашто знам дека тоа е нешто кое што мајка ми би го сакала. Знали не би сакала да седам дома и да плачам 40 дена и да кажаувам колу ми е тешко и да им се јавувам на луѓе, да мајка е, значи нема како да не ти е тешко, ама мора да се собереш и да сфатиш дека „Show must go on“, вели Димитар за девизата што ја научил од мајка си, насловена според познатата песна на легендарните „Квин“.
View this post on Instagram
Мајката на Димитар почина минатата година во месец декември, таа по професија беше професорка по биологија во гимназијата „Кочо Рацин“ во Скопје.
За ова и за уште многу теми поврзани со работата и приватноста погледнете го комплетното интервју во продолжение:
фото: You Tube printscreen/ Ti Rekov Mi Rece/ instagram/ dimitaratanasovski_