Колку време е потребно за целосно закрепнување по раскинувањето? Точен одговор, за жал, не постои.
Сепак, знаеме одличен начин да ви помогнеме да се сфатите себе си и да одлучите дали ќе го поминете периодот пред нас во потрага по љубов или во разговор со себе. Време е да застанете, ставете го на пауза вашиот профил на Tinder и посветете време на интроспекција. Паузата ќе биде најдобриот противотров за нови порази на љубовниот фронт.
Дали се трудите да им удоволите другите?
Не си дозволувате да ја напуштите куќата без шминка, дури и кога ве мрзи да се нашминкате? Дали се обидувате да изберете секси облека за излегување, иако со задоволство би сакале да одите во удобна маичка и стари фармерки? Постојано заобиколување на сопствените желби за да ги задоволите другите луѓе или она што вие сметате дека го очекуваат од вас, е очигледен знак дека не се прифаќате себе си. Додека не ја засакате својата индивидуалност и не научите да ги цените вашите јаки страни, ќе биде тешко да изградите здрави односи.
Можете ли да си го замислите животот без да бидете во врска?
Имаме тенденција да ја гледаме самотијата негативно и тоа е наша вина. Обидувајќи се да ја пополниме внатрешната празнина што се појавува по паузата, се обидуваме одново да изградиме сè, без соодветно разбирање за тоа што се случило. Неуспешните романтични врски формираат маѓепсан круг. Паузата меѓу врски е одлична можност да се запознаете себеси и да посветите време на наоѓање хармонија со надворешниот свет. Ваквите моменти се важни за формирање на личноста. Игнорирањето може да доведе до емоционална криза.
Дали сè уште мислите на поранешната љубов?
Малку е веројатно дека обидот да се „префрлите“ на следниот партнер ќе биде крунисан со успех. Порано или подоцна, „новата љубов“ ќе сфати дека сте се согласиле на состанокот само за да ја „заборавите“ старата на некое време. Ќе недостига безгрижната леснотија и искреност што е присутна помеѓу двајца „тазе“ заљубени, а голема е веројатноста дека во новата врска уште правите потези кои се „мускулна меморија“ од старата врска.
Дали чувствувате дека не сте се опоравиле целосно од токсичната врска?
Дали по раскинувањето на претходната врска имавте чувство на гадење кон идејата за нова врска? Не можете да го решите ова без помош на психолог. Пред да влезете во нова врска, мора да се справите со тоа што го предизвикало вашето незадоволство и како може вакво сценарио да се избегне во иднина.
Извор: Кајгана.мк