Таа се соблече во бикини и ни покажа како ужива на базен со нејзиниот петти сопруг Перси Гибсон.
Спасот од високите летни температури го најдоа во базенот, а сите забележаа дека актерката изгледа одлично на прагот на 10-тата деценија.
Бело бикини, очила за сонце и бела капа беа главните ѕвезди на нејзиниот стајлинг, додека нејзиниот сопруг се одлучи за розов костим за капење и уживаше на душек.
View this post on Instagram
– Ова ми е петти брак, најсреќен, и последен. Перси е прекрасен човек, тој е мојата сродна душа. Тоа не значи дека одвреме-навреме не се караме, но генерално имаме многу разбирање еден за друг – изјави еднаш актерката.
Двајцата се запознале во 2000 година кога Перси имал 36, а Џоан Колинс 67 години. Оттогаш тие се неразделни.
View this post on Instagram
– Тоа што сум постара не ни беше важно. Беше вртоглаво, беше фантастично, а јас и Перси лудо се заљубивме. Конечно ја најдов мојата вистинска сродна душа – изјавила таа за Би-Би-Си за нивната средба.
– Фала му на Бога што се омажив за некој кој е 30 години помлад од мене. Не би издржала со некој на моја возраст – изјавила еднаш актерката.
фото:Инстаграм принтскрин/ rene_horsch