Свечено беше отворен јубилејниот 80. Меѓународен филмски фестивал во Венеција, кој ќе трае до 9 септември. На овој гламурозен црвен тепих синоќа покрај познатите ѕвезди се прошета и убавата Џејла Рамовиќ.
Пејачката не остана незабележана, а еве што облече за оваа пригода.
Имено, младата пејачка беше олицетворение на елеганција и софистицираност – иако не носеше фустан. Џејла Рамовиќ за филмскиот фестивал во Венеција се одлучи за розов комбинезон без прерамки кој одлично го обликуваше нејзиното деколте. Корсетот ја следеше нејзината витка линија додека правите нозе даваа ефект на уште подолги нозе.
Посебно интересен детаљ беше „едностраната машна“, односно појасот што го истакнуваше струкот и долгиот „превез“ што направи комбинезонот од одредени агли да изгледа како фустан. Секако, детаљот кој ги привлече сите беше масивниот дијамантски ѓердан околу вратот и обетките со сличен дизајн.
Џаила знае дека со ваков накит, шминката и фризурата мора да бидат потценети, па косата ја врза во мазна, ниска опашка, а шминката беше многу природна – со малку појак ајлајнер кој ги истакна нејзините зелени очи.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Џејла Рамовиќ