Британската емисија Loose Women за Денот на вљубените имаше специјално издание во кое дури три лица одлучиле на своите партнери да им го постават судбоносното прашање.
Најголемо внимание привлекоа Шерил и Ли поради неговата реацкција на нејзиното запросување.
“Сметам дека ти си најдрагиот маж кој некогаш сум го запознала, имаш прекрасна душа и би сакала да ти го честитам Денот на вљубените”, рекла таа.
После тоа од чантата извадила кутија со накит и му рекла:
Ли конечно прифатил, но изразот на неговото лице не делуваше како да е воодушевен. Кога водителката го праша кој е неговиот одговор, тој рекол: “Па веројатно”.
Гледачите веднаш започнале да се шегуваат на негова сметка, па веднаш започнаа реакции на Твитер.
извор:точка.мк