Слоба Радановиќ, во чиј стан среде ноќ наводно дошла и го нападнала неговата поранешна сопруга Кија Коцкара – пејачка и победник на првата сезона на реалното шоу „Задруга“, на полициските инспектори им го раскажал целиот тек на настаните од инцидентот. Им рекол дека Кија му испратила порака по полноќ дека доаѓа кај него, а тој сметал дека блефира, зашто цел месец не разговарале меѓу себе.
“Окочу 2.30 часот по полноќ Кристина стигна кај мене на врата со чаша вино во раката. Видов дека е пијана, но ја пуштив да влезе. Седнавме и кратко разговаравме, а потоа ме праша дали ја сакам? Кога и реков дека не ја сакам, но онака како што тоа и го очекуваше, таа стана и го зграби ножот од масата, што, за среќа, не беше остар.
Успеав некако да ја совладам, а таа постојано се врескаше, велејќи дека не може веќе вака да живее“ – изјавил видно потресен Слобода пред полицискиот инспектор и продолжил да го опишува настанот, по што рекол дека ја повикал полицијата.
“Кога ми се чинеше дека Кристина малку се смири, ја оставив да легне во собата и влегов во другата, од каде ја надгледував низ отворената врата. Кога ја затвори, влегов и ја молев да размисли што прави и да се вразуми, но таа се закани дека ќе се повреди себеси, а јас ја плашев со полицијата.
Кога видов дека таа тешко дише, зедов шише вода и ја наведнав за да земам голтка, но таа ја истури водата од шишето по паркетот. Потоа отиде во кујната, заканувајќи се дека ќе земее нож. Тргнав по неа да ја задржам, но двајцата се лизнавме на мокриот паркет и паднавме. Потоа, решив да повикам полиција од страв дека таа ќе се повреди себеси“ – раскажал Слоба во еден здив.
Кристина дала помалку детали во изјавата и негирала дека таа во било кој момент сакала себе си да се повреди.
“Не е точно дека се обидов да се самоубијам и не го зедов ножот. Ниту мојот поранешен сопруг ми го зеде ножот. Ниту пак му се заканив нему. Само се каравме и потоа заедно паднавме на подот. Тој ја повика полицијата додека лежев на подот“ – рекла таа.
Кија, наводно, и изјавила на полицијата дека таа и Слоба додека биле сопружници имале хармоничен брак без било какви полициски интервенции.
Во нејзиното толкување на настанот, до кавга дошло кога Слоба се изнервирал зашто таа не сакала да спие со него.
Фото: Дамир Дервишагиќ/Немања Николиќ/ Профимедиа/Инстаграм принтскрин