Љубов и Секс

Десет знаци дека сте асексуални

Десет знаци дека сте асексуални

Доколку сте асексуални, вие не чувствувате апсолутна никаква сексуална привлечност. Немате желба да се впуштате во сексуални односи или врски воопшто.

Асексуалноста е тешка за објаснување, бидејќи е различна за секого. Има асексуални луѓе коишто чувствуваат емотивна привлечност и можат да станат дел од посветена врска. Има и асексуалци коишто се дефинираат како аромантични и не се заинтересирани ниту за секс ниту за врска.

Сексуалноста е комплицирана тема, и дури и ако сте во вашите дваесетти или триесетти години од животот, можно е да не знаете како да се дефинирате себеси.

Доколку не знаете како да се дефинирате, еве неколку сигурни знаци со чија помош може да проверите дали сте асексуални:

1. Можете да забележите дека некој е атрактивен, но вам не ви е привлечен
Можете да препознаете кога некој добро изгледа, знаете да ги распознаете убавите црти, убавата коса и згодното тело. Сепак, тоа што забележувате дека има убави физички особини не ви е доволно за да ве привлече.

2. Сакате гушкање и бакнежи, но не сакате физичката привлечност да премине во секс
Некои асексуалци сакаат да бидат допирани, уживаат и во прегратки, љубовни пораки и бакнежи. Да се биде асексуален не значи дека сте против секој вид на физичка љубов, само значи дека не сакате ништо повеќе од тоа, како што е сексот.

3. Многу ретко се вљубувате во некого
Помалку сте опседнати со идејата да бидете во врска отколку останатите ваши пријатели. Не се загледувате по непознати кога излегувате и се мешате помеѓу луѓе. Доколку некогаш некој ви се допадне, тоа е некој што веќе многу добро го знаете, т.е. некој кому му верувате.

4. Се исклучувате од муабетот кога пријателите зборуваат за врските
Не ја разбирате целата фама околу сексот. Кога вашите пријатели се жалат дека одамна немале секс, не можете да ги разберете зошто се фрустрирани поради тоа. Сепак, за вас е нормално да немате секс со месеци, дури е и полесно.

5. Секс сцените ви се досадни
Не ви се јасни непотребните долги секс сцени во филмовите. Повеќе сакате да гледате дијалог помеѓу двајца и како ќе се согласуваат, отколку да ги видите во кревет. За вас, начинот на кој луѓето комуницираат додека разговораат е многу поважен од хемијата во спалната соба.

6. Бракот не ви е главна и единствена цел во животот
Среќни сте што не сте во врска. Не сте сигурни дали некогаш ќе се заљубите или венчате. Дури не сте ни сигурни дали воопшто ги сакате тие работи. Позагрижени сте за вашата кариера, фамилијата и пријателите.

7. Не помислувате на секс во текот на денот
Понекогаш заборавате колку е опседнат светот со сексот. Тоа не е нешто на коешто вообичаено помислувате.

8. Поважно ви е каков карактер има личноста, отколку како изгледа
Кога запознавате нови личности, поважно ви е како тие се однесуваат кон вас, отколку како изгледаат однадвор. Тоа е затоа што сте способни емотивно да се инвестирате во некого, но не и да се поврзете физички.

9. Можете и целиот живот да го поминете без секс, но тоа не значи дека мора да биде така
Немате интерес за секс, но тоа не значи дека го избегнувате. Некои асексуалци целосно апстинираат од секс, а некои пак имаат секс за да ги задоволат желбите на партнерот. Некои мастурбираат затоа што тоа прави да се чувствуваат подобро. Нема „правилен“ начин за да бидете асексуален.

10. Се чувствувате поинаку од сите други
Да се идентификувате како асексуален може да биде тешко и отуѓувачки, бидејќи за тоа не се зборува доволно во медиумите и секојдневието. Сепак, асексуалноста постои и не треба да се срамите од тоа.

извор:нетпрес.ком.мк

To top