Секој од нас на единствен начин комуницира со луѓето во својот живот. Вистината е дека многу од конфликтите помеѓу жените и мажите можат да се избегнат ако сите размислуваат на ист начин. За жал, претставниците на двата пола често го гледаат светот различно. Овие, честопати минимални разлики, понекогаш предизвикуваат големи проблеми во интимните односи помеѓу мажите и жените.
Погледнете кои се 10-те грешки што ги прават мажите во нивните односи и кои можат да ја уништат нивната врска:
1. Не го почитувате нејзиното присуство
На секоја жена и требаaт подароци, цвеќиња, внимание, грижа. Треба да се чуе и да се почитува и нејзината гледна точка. Вие не треба да ја претворите вашата сакана во центарот на универзумот, но сепак треба да ја направите да се чувствува сакана, почитувана и ценета.
2. Не ја разбирате
Емоциите на жените понекогаш е тешко да се разберат – за една минута, жената може да биде среќна и возбудена, а во следната да биде нервозна и лута. За мажите ова е тешко да се разбере, бидејќи тие се пологични суштества. Сепак вие морате да најдете начин да ја разберете подлабоко вашата сакана. Тоа е она што го прави животот повозбудлив и интересен!
3. Страв од неа
Жените сакаат да ги контролираат своите сопрузи, но вистината е дека тие не ги почитуваат кукавиците и премногу внимателните мажи.
4. За вас има некој или нешто поважно од неа
Жените сакаат комплименти. Не постои жена која би прифатила нејзиниот љубен да ја игнорира. Понекогаш мажите имаат тенденција многу да се фокусираат на нивната работа или да бидат презафатени со нивните хобија, од нивните пријатели, од нивните родители итн. и да заборават да посветат поголемо внимание на својата партнерка, дури и почнуваат да ја земаат „здраво за готово“.
5. Не го почитувате нејзиниот избор
Жените сакаат да имаат право на избор и се подготвени да се борат за тоа. Тие знаат да прават компромис, но до одредена точка. Ако компромисите се зголемат нив почнува тоа многу да им „тежи“. Во таков момент, жените имаат тенденција да ги преувеличат проблемите. Затоа мажите треба да го поддржат изборот на нивната понежна половина, барем од време на време.
6. Не ја оправдувате нејзината доверба
Довербата е клучна за секоја успешна врска. Ако оваа доверба е компромитирана еднаш, многу е тешко двете страни да се опорават. Значи, советот за сите мажи е да посветат поголемо внимание на овој аспект на нивната врска.
7. Не правите да се чувствува безбедно
Жените, исто така, имаат потреба од заштита од силно рамо за да можат да се потпрат во суровите моменти од нивниот живот. Повеќето дами ќе бидат исцрпени брзо ако мораат да живеат со неодговорно ризично лице на пример коцкар, акохоличар или зависник од дрога.
8. Се грижите само за вашите цели
Некои мажи се премногу насочени во мисијата да ги постигнат своите цели. Како резултат на тоа, тие често трошат многу малку време размислувајќи за тоа како да ја направат својата партнерка среќна. Единствено нешто за што размислуваат е сопствената среќа. Ако ова трае премногу долго, жената почнува да се чувствува осамена и смета дека нејзиниот партнер е неправеден кон неа.
9. Не ги споделувате вашите цели и идеали
Ако длабоките вредности на две лица не се совпаѓаат, тоа е голем проблем. Морате да прифатите барем дел од системот на вредности на вашата партнерка, дури и ако мора да се откажете од некои ваши размислувања за животот. Инаку, работите во односот многу би се влошиле.
10. Не знаете што сакате од животот
Без оглед на реалноста, жената ќе остане со човекот што го сака, ако знае дека е свесен за себе и за она што го сака од животот. Но, ако не може да ги дефинира неговите соништа, желби, амбиции и потреби, жената нема да може долго да истрае.