Радио Милева Среќен роденден!

„Денес посебно уживам“: Елена Ристеска славеше роденден и гордо ти истакна годините (фото)

„Денес посебно уживам“: Елена Ристеска славеше роденден и гордо ти истакна годините (фото)

Роденденот е ден кој го славиме еднаш во годината, па овој ден го поминуваме со саканите, пријателите, роднините…

Ден кога добиваме разновидни подароци, изненадувања или едноставно убави и топли честитки кои не исполнуваат.

Пејачката Елена Ристеска вечера го прослави својот 36-ти роденден, а годините гордо ги истакна во коментар преку кој им се заблагодари на сите за испратените роденденски честитки.

-Ви благодарам на сите за роденденските честитки , 36 години и не е така лошо, нели? 🙂 Ако знаеш како да уживаш во секоја од нив. А денес посебно уживам читајќи ги вашите убави пораки.

На фотографијата навидум е сама во ресторан, а до неа коктел, но веројатно до себе ја имаше личноста која во тој момент и направи најубаво на душата.

Честитки разбиирливо имаше многу, а интересна беше фотографијата пропратена со честитска од нејзинот колега Ламбе Алабаковски кој ја потсети на времињата пред повеќе од една деценија.

Убавите зборови и моменти нека бидат секојдневие за Елена!

фото:Инстаграм/Елена Ристеска/Фејсбук/Ламбе Алабаковски

To top