Дарко Лазиќ и Слободан Вељковиќ Цоби се повикани на сослушување од полицијата во Цирих, откако на Интернет се појави скандалозна снимка на која се гледа како уринираат на пистата и го нарушуваат угледот и кршат редот и законот.
Како што дознава ексклузивно српски Телеграф, раперот и фолкеро добиле повик од полицијата во Цирих пред неколку дена, која претходно ги барал во дискотеката каде што настапувале.
https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/darko-lazikj-i-cobi-nedolichno-i-razvratno-se-odnesuvale-na-aerodromot-vo-cirih-pcosti-navredi-i-uriniranje-po-aerodromskata-pista-foto/
Полицијата добила видео на кое се гледа како Дарко и Цоби се шетаат на аеродромот во Цирих и уринираат по пистата. Веднаш по приемот на извештајот, полицијата се упатила кон дискотеката каде што двајцата настапувале. Газдата на клубот го дал нивниот контакт, а потоа ги повикал да ги извести за што станува збор. Ним им било кажано дека во рок од осум дена треба да одговорат и да дадат изјава за инцидентот што го направиле на аеродромот“ – раскажал извор близок до раперот, додавајќи:
„Цоби сега бара адвокат во Цирих кој е по потекло од нашите краишта, за да го ангажира да оди на сослушување со него. Тој е свесен за тоа што направил и очекува дека нема да помине неказнето, особено во однос на Швајцарија, која е позната како најрегулирана земја, која не толерира анархија и арогантно однесување“.
Како што дознаваме понатаму, Дарко и Цоби се во паника да не добијат забрана за влез во земјата каде што работат најмногу во текот на годината.
Добро е познато дека тезгите на пејачите најдобро се платени токму во Швајцарија, така што евентуалната забрана за влез или одземањето на работната дозвола би можело значително да влијае на приходите на овие двајца пејачи.