Радио Милева модна инспирација

Дара Бубамара го ископира стајлингот на Карлеуша, но според модните експерти оригиналното парче го заменила со „фејк“ (фото)

Дара Бубамара го ископира стајлингот на Карлеуша, но според модните експерти оригиналното парче го заменила со „фејк“ (фото)

Неодамна Дара Бубамара и Јелена Карлеуша често си разменуваа не баш пријатни зборови, а сето тоа поради ненадејната интимна врска на Дара со Цеца Ражнатовиќ, со која Јелена Карлеуша со години е во конфликт.

Последниот во низата конфликти меѓу нив настана кога Карлеуша на Инстаграм откри дека покојниот Милан Лаќа Радуловиќ ѝ ја продал песната „Кока рока“ која му ја платила за новиот албум на Дара и поради тоа го објавила целиот текст на песната неколку дена пред да биде објавена.

Сепак, дека и покрај кавгата, Јелена и понатаму и е голема инспирација, барем што се однесува до стајлингот, може да се заклучи од аутфитот на Дара кој го носеше на настап во еден белградски клуб пред неколку дена. Таа, всушност, го облече истиот комбинезон што Карлеуша го носеше на крајот на ноември на еден настап. Станува збор за комбинезон „Jean Paul Gottier“ од колекцијата „Cyber“ чија цена е 690 евра.

Но, на модните експерти не им недостига ниту фактот дека комбинезонот на Бубамара е лажен, а тоа може да се заклучи по боите и начинот на прицврстување, кој се разликува од оригиналното парче. Покрај ова, на многумина им пречеше нејзиното фотошопирано лице на фотографиите кои ги сподели пејачката, поради што веќе подолго време е мета на негативни коментари.

Инаку, овој комбинезон кон крајот на минатата година беше еден од омилените меѓу пејачките на естрадата, па еднаш го носеше и Маја Беровиќ. Да потсетиме, Јелена бурно реагираше на прозивката на Дара упатена на нејзина сметка, а меѓу другото и дека „имала милион текстови од пејачи, меѓу кои и од Јелена, Вики, Сека“ и да не и падне на памет тоа да го објави јавно.

Фото: Принтскрин/Н.Николиќ/З.Јефтиќ/Инстаграм/

 

To top