Радио Милева кај баба и дедо

Даниел Кајмакоски се врати на добро проверен терен, а со себе ги понесе сопругата, бебето, па дури и кучето (фото)

Даниел Кајмакоски се врати на добро проверен терен, а со себе ги понесе сопругата, бебето, па дури и кучето (фото)

Поп пејачот Даниел Кајмакоски пред четири месеци стана татко по вторпат и со втората сопруга Марина се реализираа како родители на синчето Стефан.

Даниел живее нов живот полн со љубов, а тоа не ретко знае да го сподели со следбениците на Инстаграм, што и не беше негова пракса претходно.

Сега како да сака да вика на сиот глас колку е среќен и исполнет со семејството со кое живеат на белградска адреса. Но, љубовта и среќата уште поубаво е кога се споделува со најблиските, а за тоа да биде така, Даниел, Марина, бебето Стефан, па дури и кучето Нера, заминаа за Виана – Австрија.

Познато е дека таму живеат бабата и дедото, односно родителите на Данилел. Стефан потпркна доволно за да патува и да се гушка и шета со мама, тато, баба и дедо, а пак Даниел веќе како староседелец во Виена, да и покажува и раскажува на сопругата за местата каде растел.

Фотографиите за спомен се неизбежни, а осамнаа и на Инстаграм.

Од објавите можеше да се забележи дека Марина решила да се активира на социјалната мрежа, а од таму се виде и дека го носи презимето на сопругот.

Ианку ,Даниел Кајмакоски уште од своја седумгодишна возрат заедно со семејството живеел во Австрија, па оваа земја секогаш кога се враќа му е како дома.

фото:Инстаграм принтскрин

To top