Пејачот Даниел Кајмакоски и неговата тазе сопруга Марина станаа родители.
На 30-ти април на свет дојде машко бебе на кое мама и татко му до дадоа името Стефан.
-Дами и господа, ова е кралот Стефан, напша среќниот татко во објавата на својот Инстаграм, претставувајќи и го наследниот на јавноста.
Кајмакоски се до неодамна беше мистериозен за идентитетот на неговата избрачичка, па засега познато е само нејзиното име Марина, тоа дека го освои неговото срце, а сега му роди и наследник.
Даниел и Марина се венчаа во месец јануари, а невестата беше во блажена состојба, но за тоа дека ќе станат родители обзнанија неодамна, односно непосредно пред породувањето.
Ова е второ синче на пејачот, а од првиот брак со моделот, мисица и пејачка Кристина Димитриевска го има шестгодишнот Давид.
Честитки за гордите мама и тато!
фото:Инстаграм принтскрин/Даниел Кајмакоски