Радио Милева
клопчето се отплеткува

Даниел Кајмакоски најпосле откри која е неговата сопруга што наскоро ќе му роди дете (фото)

Даниел Кајмакоски најпосле откри која е неговата сопруга што наскоро ќе му роди дете (фото)

Приватниот живот на пејачот Даниел Кајмакоски периодов е топ тема во домашните медиуми, особено поради новиот момент дека тој ќе стане татко по вторпат. За Даниел од минатото лето знаеме дека е среќно заљубен човек, а од меесец јануари и оженет по вторпат.

Пејачот по разводот од мисицата и тазе пејачка, Кристина Димитри, реши да му даде втора шанса на бракот, а со тоа и како што вели да го открие вистинското значење на љубовта.

За тоа е заслужна неговата црнокоса која остана мисетерија по желба на Даниел, а веројатно и нејзина, па сакаше да остане во тајност, но се досега. Веќе кога почнаа со откривање на големите нешта, Даниел за Велигден реши да и го открие името на својата сакана и идна мајка на неговото дете.

Марина е името на жената која тој вели дека е се’ она што некогаш барал.

Новините од приватниста на пејачот почнаа да се редат една по друга, па оттука очекуваме дека Даниел веќе ја започна праксата да каже нешто повеќе за својата избраничка.

Марина веќе е во пододмината бременост и ќе роди машко дете.


Уште сега се знае кој ги пее приспивните песнички, гитарата е секогаш на место, а тато веќе се подготвува за големиот ден кога наследникот ќе биде во неговите раце.

Среќно и со лесно!

фото:Инстаграм принтскрин/Даниел Кајмакоски

Останати вести од Радио Милева