Помина околу година ипол откако пејачот Даниел Кајмакоски и неговата сопруга се остварија во улога на родители.
Оттогаш Даниел ја стави на пауза својата музичка кариера и целосно се посвети на синчето. Иако обожвателите постојано го прашуваат кога ќе објави нешто ново и дека веќе е време тоа да се случи, Даниел како да решил уште да чека и ужива во семејната љубов.
И на неговиот профил на Инстаграм има само фотографии со синот кои редовно ги објавува и ги дополнува со емотивни коментари како:
Можеби не можам да ја држам твојата рака секогаш, но можам да го држам твоето срце засекогаш, пишува Даниел.
Неговото потпораснато детенце пак дополнително ги разнежнува фановите, а посебно неговото опавче на главата кое редовно му го врзуваат мама и тато, па го прават дополнително неодолив.
View this post on Instagram