Во народот се раширени многу верувања за тоа што значи кога некој дел од телото ќе ви затрепери. Прочитајте кое е значењето кога ќе ве почеша одреден дел од телото.
Доколку ве чеша:
Темето на главата – значи добивка или дека ќе добиете син
Задниот дел од вратот – некоја личност ќе ви донесе дарови
Темето на главата од десна страна -ќе судите за некој
Темето на главата од лева страна – ќе имате весел провод
Челото – до вас ќе пристигнат лоши вести
Десно уво – ќе слушнете добра вест
Лево уво – ќе слушнете лоша вест
Брада – ќе го сретнете стариот пријател
Десна дланка – ќе давате пари
Лева дланка – ќе добиете пари
Стомак – ќе бидете почестени од некого
Десно колено – во куќата ќе најдете богатство
Лево колено – нешто лошо ќе ви се случи
Десна Пета – радост и добри вести
Лева пета – некој ќе ви приговара
Десен табан – ќе одите на пат
Лев табан – очекувајте големо богатство
Доколку ви „заигра“/затрепери:
Челото измеѓу очите – ќе одите на пат
Горниот дел од десното уво – очекувајте борба и караници
Горниот дел од левото уво – ќе добиете добра вест
Десната веѓа – вашите деца ќе напредуваат
Левата веѓа – среќа и благосостојба
Двете веѓи – очекувајте веселба
Десно око – се што ќе посакате тоа ќе ви се и оствари
Лево око – ќе доживеете почитување
Горниот капак на десното око – веселба во семејството
Долниот капак на десното око – ќе склопите ново пријателство
Горниот капак од левото око – ќе добиете машко дете
Долниот капак од левото око – ќе добиете лоша вест
Целиот нос – лоши вести и болест
Една страна од носот – ќе имате големи грижи
Горните усни – ќе ви пристигнат гости
Долните усни – ќе докажете дека сте во право
Двете усни – ќе се бакнувате со некој
Десното рамо – ќе бидете здрави
Левото рамо – ви пристига тага
Десен лакт – ќе бидете во големо друштво
Доколку ви „заѕвони“:
Десното уво – добри вести и голема веселба
Доколку ви заѕвони левото уво – лоши вести кои ќе ви донесат тага
извор:пресс24.мк