Кога луѓето созреваат и што всушност значи тоа? Има некои работи кои емоционално зрелите луѓе едноставно не ги прават.
Многу врски прекинале бидејќи емоционалната зрелост на партнерите не била на исто ниво и има показатели што укажуваат на тоа дека партнерот можеби е возрасен, но и понатаму е незрел.
Соочувањето со проблемите е најдобар показател за емоционалната зрелост на еден човек. Ова се особини на луѓето кои се емоционално зрели:
Без разлика каков му бил денот, ќе ве сослуша. По тежок ден на работа, сепак има време и внимание за вашиот ден, а ако може, ќе ви понуди и решение за проблемот. Кога зборувате, не се „исклучува“, туку активно слуша.
Нема проблем што би го „ставил под тепих“. Дури и ако знае дека темата ќе предизвика тензија меѓу вас, настојува да го решите проблемот бидејќи знае дека така се јакне врската и се гради довербата и стабилноста меѓу вас.
Не реагира импулсивно. Кога се расправате тој е оној кој „ја спушта топката“. Никогаш не би кажал нешто „во афект“ што би ве повредило или навредило, туку аргументирано зборува за своите ставови.
Секогаш е љубезен кон вашите пријатели и семејството. Дури и кон оние за кои ви кажал дека не му се допаѓаат, сепак е цивилизиран и пријатен во нивно друштво. Знае дека тоа ви е важно вам и се труди да се одржи балансот. Енергијата ја чува за навистина важните работи, а не да се расправа за една вечера со вашата пријателка која можеби одвај ја поднесува.
Извор:Кајгана.мк