Љубов и Секс

Дали вашиот партнер се обидува да ве контролира?

Дали вашиот партнер се обидува да ве контролира?

Како да препознаете дали сте во врска во која партнерот сака да ве контролира?

Овие три јасни знаци покажуваат дека партнерот ве контролира и дека треба да си ја вратите контролата над сопствениот живот. Сепак, здравата врска се заснова на рамноправност и еднаквост.

Не ве поддржува

Човек кој е несигурен во себе нема во ништо да ве поддржи. Всушност, на сите начини ќе се обиде да ви ја уништи самодовербата и да ве посрамоти ако на пример, се запишете на некоја обука или се вратите да завршите факултет. Нему му е важно во секој поглед да е подобар од вас, така го храни егото.

Ви кажува што да правите со телото

Постојано ви зборува дека треба да ослабете, на сите начини се обидува да ви ја уништи самодовербата, ве спречува да се тетовирате или да ја скратите косата. Тој очигледно има сериозни проблеми бидејќи ништо од тоа не е негова работа. Вашето тело е ваша работа.

Критикува сѐ што правите

Често ве критикува, сѐ што правите не е добро. Често овие критики се маскирани под изговорот дека „тој само посакува што е најдобро за вас“. Тоа оди толку далеку што можеби ќе се обиде да ве научи како правилно да држите лажица или нешто слично, а тривијално.

На овој начин се обидува да ви наметне контрола.

извор:попара.мк

To top