Вљубени сте и знаете дека нема да биде воопшто лесно да отпуштите некој спрема кој гаите толку силни чувства, но исто така не можете да преминете и преку неверството.. Што да направите?
Од една страна срцето вели дека љубовта може да издржи се, но од друга страна разумот го поништува сето она кое срцето го зборува затоа што зборува со факти и докази – што да направите, како да го заборавите оној кој ве изневерил и покрај сета љубов која ја имате спрема него?
Постојат одредени прашања кои треба да си поставите на себеси. Кога еднаш ќе ги имате одговорите, тогаш ќе знаете што вистински треба да направите и како полесно да ги пребродите тешкотиите.
Дали можете да му верувате повторно?
Довербата е клучот на здравата врска. Без доверба, врската едноставно е осудена на пропаст.
Ако вашиот партнер ве изневерил, тој ја скршил довербата. Дали мислите дека можете повторно да му верувате?
Дали ќе бидете во ред со тоа кога ќе ви каже дека мора да остане на работа до доцна? Дали ќе имате потреба постојано да им го проверувате телефонот? Дали постојано ќе се прашувате каде е кога нема да одговори на вашиот повик? Дали ќе бидете вознемирени секогаш кога ќе го видите како разговара со личност од спротивниот пол?
Одговорите на овие прашања ќе ви помогнат да одлучите како да продолжите понатаму. Ако сметате дека после тоа постојано ќе морате да го преиспитувате и него и себеси тогаш вашата врска нема да се движи во добра насока и најдобро е да ставите крај и да продолжите по својот пат.
Дали можете да му простите?
Најголемиот проблем при едно неверство во врската е тоа дали можете да му простите на партнерот кој ве изневерил.
Простувањето вклучува многу нешта. Значи прифаќање дека вашиот партнер е едноставно човек кој греши. Тоа значи простување на себеси што сте ги испуштиле знаците и прифаќање дека не сте будала. Исто така значи и прифаќање дека не е ваша вина. Простувањето значи дека вашиот партнер ја превзема одговорноста за своите одлуки и дека тој не смее да го повтори тоа.
Но ако сметате дека не можете да му простите, тогаш најдобра идеа е едноставно да не се обидувате да размислувате премногу за тоа и да оставите се зад себе и да продолжите напред сами.
Дали сеуште сакате да бидете покрај него?
Ова прашање се однесува на тоа, дали сеуште навистина сакате да бидете покрај таква личност која ја разнишала вашата доверба? Многу луѓе остануваат во врска со личност спрема кој и не чувствуваат некаква особена поврзаност. Ако навистина сметате дека не можете да останете покрај него но го направите тоа, морате да знаете дека така само ќе се направите себеси несреќни. Ќе бидете многу понесреќни отколку кога би заминале.
Дали останувате покрај него поради погрешни причини?
Ова е многу важно нешто за кое треба да се запрашате себеси. Зошто избирате да останете покрај таа личност? Да, ја сакате, но дали сметате дека тоа е единствената причина?
Ако гледате дека личноста повеќе не се однесува како порано, не ви пружи доволно внимание, не се однесува онака како што заслужувате и гледате дека жарот од нивна страна полека изгаснал, тогаш морате да сфатите дека вашата љубов не е доволна причина да останете покрај личноста. Сето тоа се претворило во навика и едноставно би било лошо да продолжите понатаму со врската во која очигледно едната личност е со едната нога надвор од неа.
Извор: попара.мк