За првпат станавте мајка и постојат многу прашања што ве мачат поврзани со исхраната на вашето бебе? Слушате различни мислења и луѓето околу вас ве советуваат како да постапите. Меѓутоа вие не знаете точно кого да послушате и сте збунети бидејќи не знаете што да правите и која е најдобрата опција.
Експертите советуваат дека е опасно да им се дава вода на бебињата помлади од 6 месеци!
Сите знаеме колку е важно да се внесува вода, посебно во летниот период кога се потиме повеќе. Поради тоа некои родители мислат дека некоја голтка вода ќе им помогне на бебињата да се разладат, но експертите предупредуваат дека на бебињата не треба да им се дава вода без оглед на надворешната температура. Тие истакнуваат дека дури и мала количина вода може да го наруши балансот во нивните малечки тела.
Давањето вода на бебе помало од 6 месеци може да ги преоптовари бубрезите и да доведе до сериозна состојба која се нарекува хипонатремија. Бубрезите кај малите бебиња не се доволно зрели и водата може да предизвика интоксикација како резултат на неурамнотежени електролити, како што е натриумот. Тоа може да доведе до хипонатремија што всушност е состојба кога премногу вода го разблажува натриумот во телото. Таквата состојба може да предизвика компликации како отекување на мозокот, напад па дури и смрт во некои екстремни случаи.
Бебињата имаат многу мал желудник кој водата многу лесно го исполнува поради што тие послабо јадат и внесуваат помалку потребни хранливи материи. На бебињата до 6 месеци треба да им се дава исклучиво мајчино млеко или формула.
Како и возрасните, така и на бебињата и на малите деца им се потребни доста течности за да не дехидрираат. Но, ако го доите бебето, нема потреба покрај мајчиното млеко да му давате и вода. Единствено на лето кога е премногу топло тие ќе сакаат повеќе да цицаат. Ако ве загрижува дехидрацијата или не сте сигурни дека вашето бебе не јаде доволно, консултирајте се со лекар!
извор:кафепауза.мк