Сивиот спектар обично вклучува поединци кои доживуваат сексуална привлечност многу ретко, само под одредени околности или со толку низок интензитет што е занемарлив.
Сивата сексуалност е зона во која луѓето се помеѓу две крајности, односно помеѓу асексуални луѓе и луѓе со нормална сексуалност, кои се нарекуваат и алосексуалци. Под поимот сиво-сексуални луѓе, се нагласува дека постои средина, односно сив дел што им припаѓа ним.
Најчесто, сиво-сексуалните луѓе се поблиску до асексуалноста, но тоа не е нужно така. Она што е важно да се напомене е дека ниту една манифестација на овој тип на сексуалност не е иста, бидејќи сите луѓе се различни во тој контекст.
Овој тип на сексуалност го разликуваме од либидото, кое е познато и како сексуален нагон, што ја претставува потребата да се почувствува задоволство, а сексуалната привлечност е поврзана со личност која станува привлечна за нас и предизвикува желба за секс, што подразбира дека сиво-сексуалните луѓе можат да имаат изразено либидо.
Сиво-сексуалното однесување најчесто се изразува преку следниве однесувања:
– не ѝ даваат значење на сексуалната привлечност при изборот на партнер
– сексот не им е толку важен како на остатокот од популацијата
– понекогаш чувствуваат сексуална привлечност
– тие чувствуваат сексуална привлечност само во одредени околности
– покажувањето љубов често се искажува со гушкање, зборување…
Се разбира, овие форми на однесување не се манифестираат кај сите на ист начин.
Извор: Кармин.ком.мк