Љубов и Секс

Дали сте слушнале за правилото „шест минути“ во сексот?

Дали сте слушнале за правилото „шест минути“ во сексот?

Сексолозите открија едно едноставно правило кое го нарекоа „шест минути“, а кое гарантира доживување оргазам и максимално задоволство за двајцата партнери.

Во студијата во која учествуваа 1.500 Канаѓани е заклучено дека луѓето кои уживаат во предигра која трае најмалку 6 минути – доживуваат оргазам и се задоволни од сексуалниот чин.

Ова правило подразбира воведување на предигра која треба да трае најмалку 6 минути пред да преминете на главниот чин.

Задоволувањето пред пенетрација треба да претставува задоволство и за двајцата партнери, но многу често паровите ја прескокнуваат предиграта.

Истражувањето покажа дека мажите можат да доживеат оргазам и без „шест минути“, додека пак 61 процент од жените се изјасниле дека предиграта им е потребна за да се опуштат.

„Шест минути се сосема доволни за да посветите внимание на предиграта. Ова е едноставен начин за да ја разгорите страста во врската и да уживате уште повеќе, објасни Робин Милхусен“, професор по сексологија на Универзитетот Гвелф.

извор: Кајгана

To top