Љубов и Секс

Дали сте „маратонец“ или „спринтер“ во кревет?

Дали сте „маратонец“ или „спринтер“ во кревет?

Судејќи според резултатите од различни истражувања, сексот е една од работите во кои слоганот „колку подолго, толку подобро“ дефинитивно не важи, туку она „се што е добро, кратко трае“.

Според MindBodyGreen, вагиналниот однос трае околу 5,4 минути пред мажот да ејакулира, според студијата од 2005 година на хетеросексуални двојки од пет различни земји.

Според истражувањето на сексуалните терапевти, три до 13 минути се сметаат за нормално времетраење на вагиналниот секс. Покрај тоа, на просечната жена и се потребни 13,41 минути за да доживее оргазам за време на сексот со мажи, а покрај тоа и се потребни и други активности – не само пенетрација.

Паровите кои се во подолги врски откриле дека нивната предигра трае 11 или 13 минути, а сексот во просек седум.

Исклучок од ова правило може да бидат жените кои имаат секс со жени. Една студија од 2014 година покажа дека просечното време за секс е 30 до 45 минути кај жените во истополови врски, во споредба со 15 до 30 минути за мешани врски и врски меѓу мажите.

Дали постои времетраење што се смета за идеално?

Не постои конкретно време со кое сигурно ќе постигнете добар оргазам и поради што на крајот ќе можете да кажете дека сексот бил одличен, но сексуалните терапевти велат дека постои некој просек што се покажал дека е добар за двете страни, бидејќи успеваат да достигнат кулминација, а тоа се 7 до 13 минути за вагинален секс.

Една до две минути се сметаат за премногу кратки, три до седум минути се соодветни, а 15 до 30 минути се сметаат за премногу долги.

Сите бројки, се разбира, варираат од личност до личност. Во некои истражувања, жените откриле дека им се допаѓа да трае 16 минути, некои 5 до 10, некои подолго од 11 минути …

извор:попара.мк

To top