Љубов и Секс

Дали се плашите да излезете од врска во која не сте среќни?

Дали се плашите да излезете од врска во која не сте среќни?

Многу луѓе остануваат во врска од страв дека инаку ќе останат сами долго време, а можеби и до крајот на животот.

Причината зошто луѓето остануваат во несреќни врски е бидејќи сметаат дека другата страна ќе се промени во правец што им одговара ним.

Приврзаноста во врската честопати ве тера да останете со партнерот, иако би требало да раскинете, велат Амир Ливајн и Рејчел С.Ф. Хелер, автори на книгата „Attached: The New Science of Adult Attachment and How It Can Help You Find and Keep Love“.

„Кога ќе се појави проблем, размислувате само за добрите особини на партнерот. Притоа, многу често ги обезвреднувате своите добри особини, способност и таленти, за да не ги засените неговите. Тоа е знак дека сте во врска што треба да ја прекинете“, советуваат авторите на книгата.

Исто така тие сметаат дека повеќето луѓе остануваат во врски бидејќи мислат дека тоа им е последна шанса за љубов.

„Ми одговараат многу малку луѓе, па колкави се шансите дека ќе најдам некој како него/неа?“ Оваа реченица си ја повторуваат многу луѓе и се убедуваат дека е реален стравот дека ќе останат сами ако излезат од таа врска.

Како ќе знаете дека премногу сте се врзале за партнерот и не согледувате дека љубовта поминала и дека е време да раскинете?

Одговорот на тоа е прилично едноставен – премногу сте се врзале ако постојано се обидувате да воспоставите контакт со него/неа.

Пишувате пораки, мејлови, се јавувате на телефон, поминувате ненајавени во нивниот дом или работно место и се појавувате на местата каде излегуваат кога не се со вас.

Други луѓе го прават сосема спротивното – ги игнорираат партнерите во исчекување тие први да се јават или да пишат, па дури и да им се обратат кога се во иста просторија.

Премногу сте зависни ако го мерите времето што им е потребно да одговорат на повик или на порака, а потоа им „враќате“ со иста мера.

To top