Ако свесно и совесно направиме анализа на нашите постапки и ставови кога станува збор за врските во кои сме биле, можеме да почнеме со прекинување магепсаниот круг и решавање на проблемот.
Психологот и истражувач Ракел Пил ја разработува теоријата дека самите си правиме саботажа на романтичните врски, а прв примерок за истражување била самата таа.
Пред да се запознае со љубовта на нејзиниот живот, таа вели дека била „романтичен саботер“ на сопствените врски. Нејзините првични искуства извршиле силно влијание врз нејзините ставови и односот кој љубовта.
„Тргнував со претпоставката дека луѓето во моите врски евентуално ќе ме напуштат; Исто така претпоставував дека сите мои врски ќе пропаднат“, вели таа во нејзиниот говор за TEDxJCUCairns.
Понесена од овие чувства на неизбежна пропаст, Пил (која студирала на Универзитетот Џејмс Кук во Австралија) ги прекинувала романтичните врски секогаш кога нештата малку ќе „згуснеле“.
Ви звучи познато?
Знаела многу други луѓе кои намерно правеле самодеструктивни потези во врските, па решила да го истражи ова однесување.
Тоа го направила на два начини: интервјуа со психолози чија специјалност се советување на двојки „за да сфати како изгледа самосаботажата во пракса“ и со набљудување на над 600 самопрогласени саботери ширум светот за да открие што правеле и зошто го направиле тоа.
„Моите испитаници беа со најразлични возрасти, потекло, културно воспитување и сексуална ориентација. А сепак, одговорите им беа многу слични “, вели Пил.
Секој од нив манифестирал еден или повеќе од „четворицата јавачи на апокалипсата“ како што ги нарекува американскиот психолог и истражувач Џон Готман, односно она што тој го идентификува како привично однесување што води кон крајот на врската: критикување, дефанзивно однесување, презир и одбегнување.
Иако секое од овие однесувања може да варираат колку што има и испитаници, крајната цел на овие луѓе е иста: да се заштитат себе си.
Се разбира, самозаштитата е причината што на навеле повеќето испитаници, а вистинските причини за саботерското однесување се сложени, различни и длабоки.
Сепак, Пил сака да сподели неколку совети до сите оние кои се идентификуваат со „профилот“ на романтичниот самосаботер:
Една форма на романтичното самосаботирање е избирање партнери што се очигледно погрешни за вас. Не треба да ја прифатите секоја врска што ви се нуди, одбирајте врски што имаат потенцијал да функционираат, советува Пил.
Убаво испитајте се себе си и своето однесување кога сте во врска и прашајте се дали сте човек кој бара охрабрување или одобрување од партнерот? Дали ве фаќа трема и немир кога врската ќе стане поинтимна? Размислете за оние „четворица јавачи на апокалипсата“ – Колку често манифестирате некој од нив? Што ви е „тригер“? Што мислите за себе и за партнерот кога се однесувате така? Обидете се да бидете искрени во анализата.
Причината зошто развивате самосаботерско однесување најверојатно води корени од нешто за кое може да наидете на разбирање и нешто што им се случило на многу други луѓе.
Сосема е природно да сакате да се заштитите себе си, вели Пил. Но, за да не влезете во стапицата на саботирање мора да имате увид кои сте во врската и како најдобро можете да соработувате со партнерот. Не сте во трка или борба со партнерот, туку играте на истата страна и победници треба да бидете двајцата. Запознајте се се себе си и дајте му шанса на партнерот да ве запознае и вие да го запознаете него.
Љубовта никогаш нема да биде лесна, но ако не си правите самосаботажа, е многу подостапна, заклучува Пил.
Извор: Кајгана