Истражувачите од Универзитетот во Денвер сакаа да откријат дали изневерувањето во претходна емотивна врска може да биде фактор на ризик и во идните партнерства.
Во петгодишното истражување учествувале 484 испитаници, кои биле прашани дали го изневеруваат својот сегашен партнер, дали се сомневаат дека тој не им е неверен и дали прељубниците изневеруваат и во идните врски.
Една студија наречена „Еднаш прељубник, засекогаш прељубник? Сериско неверство во последователните врски“, покажа дека емоционалното мамење во претходните врски е важен фактор на ризик за неверство во следните врски. Ако партнерите биле склони кон прељуба, постои голема шанса да ја повторат.
Авторите на истражувањето рекоа дека примерокот на кој е направена студијата е мал и дека е потребно да се направат понатамошни истражувања, изразувајќи надеж дека студијата ќе помогне да се спречи сериско неверство во врските.
извор: убавина и здравје