Иако секој брак е различен, а односите помеѓу партнерите не можат да се споредуваат, последото истражување, спроведено со 300 парови, открило интересни податоци.
Покрај многуте животни обврски и проблеми, деца и работа, многу е тешко да сочувате совршен однос со партнерот, преполн со емоции и страст. Тоа го докажуваат одговорите на многу жени, на прашањето „Колку често водат љубов“.
Во анкетата која е спроведена на повеќе од 300 парови од различен период од животот, откриено е дека речиси половина (47%) водат љубов еднаш неделно, а од нив речиси 10% тоа го прават само двапати месечно.
„Жените во брак кои велат дека сексот со партнерот еднаш неделно или двапати месечно совршено им одговара, всушност не се малку. Причинините за тоа се токму животните препреки, стресот и обврските поради кои сексот може брзо да стане предвидлив, па дури и здодевен“, објаснуваат експертите.
Исто така, истражувањето потврдило дека колку почесто водиме љубов, толку побрзо страста и потребата за истото, ќе ни стане помала.
Занемарување на страста и недостаток на интимност, што во последно време сè почесто е присутно кај партнерите, често доведува до неверство, па дури и развод.
извор: точка.мк