Дали навистина добариот секс е добар за врската, а одличниот е уште подобар? Веројатно секој би се согласил со ваквите тврдења, но се чини дека не е баш така.
Најнова студија, во која учествувале 233 тазе венчани парови кои ги споделиле своите интимни искуства со научниците и одговориле на бројни прашања во врска со квалитетот на односите и сексот, се занимаваше токму со таа проблематика.
Резултатите покажаа дека мажите кои имале многу авантури и секс за една вечер пред бракот почесто ќе ги изневеруваат сопругите, додека жените кои биле такви пред брак нема да го направатт тоа или ќе сакаат, но многу поретко од мажите.
Исто така, помладите и помалку привлечните жени ќе изневеруваат почесто отколку зрелите и атрактивните жени.
Најинтересно сознание од истражувањето е дека партнерите кои во одговорите навеле дека имаат фантастичен сексуален живот почесто биле подготвени да имаат секс надвор од бракот.
Психолозите сметаат дека причината за ова е што овие луѓе едноставно сакаат секс, па го практикуваат и во бракот, и надвор од него. Затоа, ако вашиот партнер, односно партнерка, ве изневери, не обвинувајте се себе си и вашите сексуални вештини. И науката вели дека другиот е виновен.
извор: кајгана