Љубов и Секс

Дали навистина ги знаете сите ерогени зони?

Дали навистина ги знаете сите ерогени зони?

Најверојатно ерогените зони што ви се познати се усните, клиторисот, брадавиците, вратот… Сето ова се места што го зголемуваат уживањето, но постојат и делови од телото кои немаат никаква врска со сексот, но можат да ви помогнат да го достигнете врвот.

Мозокот непрекинато создава нови врски. На пример, кај личноста на којашто ѝ се оштетени некои органи доаѓа до реорганизирање на сетилата, што овозможува достигнување оргазам по „заобиколен пат“. Односно, со стимулација на други делови од телото.

„Ерогените зони се области на телото кои се многу чувствителни и предизвикуваат сексуално возбудување. Додека мнозинството им се заеднички на многумина, како брадавици, врат и гениталии, некои места на телото можат да возбудат некого, а друг да остават рамнодушен. Секој дел од телото може да биде ерогена зона“, изјавила сексологот Ники Дејвис Феинглум.

Со други зборови, клучно за уживањето во сексот е вашето расположение.

Кога станува збор за неочекувани ерогени зони, тие предизвикуваат задоволство преку нервите. На пример, нервите од карлицата ги пренесуваат сензациите од вагината, аналниот отвор и мочниот меур.

Овие разни нерви ја покажуваат комплексноста на нашата сексуална реакција, како и тоа дека оргазмот може да се постигне на безброј начини, од најнеочекуваните делови од телото. На пример, во мозокот, сензорите за стапалата и гениталиите се едни до други, па кај некои луѓе и стапалата претставуваат ерогена зона.

To top