Ако денес не сакате да вежбате, зошто да не го замените тренингот со пози кои ќе ве заморат и ќе ги зајакнат вашите мускули.
Погледнете ги позите кои можат да бидат замена за тренинг – колку подолго траат, толку се поефикасни:
Карлица
Мажот треба да лежи на грб со раширени нозе, а вие да седнете на него. Потоа истегнете ја левата или десната нога наназад. Оваа „вежба“ нуди одлична стимулација на клиторисот, но ги активира и мускулите на нозете.
Мост
Оваа поза бара да бидете малку поиздржливи. Легнете на грб, свиткајте ги колената и ставете ги стапалата на ширина на рамената. Станете во положбата на мостот и дозволете му на партнерот да „си игра“ со прстите или со вибратор, доколку сте расположени за експериментирање, пренесува „crnobelo.rs“.
Мачка
Ставете неколку перници и нека вашиот партнер легне на нив на грб. Станете на колена, така што главата на партнерот ќе ви биде меѓу нозете. Уште подобро е ако се наведнете нанапред и се држите за лактите. Оваа поза е одлична за вашите мускули на грбот.
Кучешка
Овој пат станува збор за „кучешката“ поза, но со мала измена – наместо на дланките потпрете се само на лактите. Обидете се да го држите грбот исправен и дефинитивно ќе почувствувате како мускулите се активираат.
Стол
Оваа варијација на познатата „каубојка“ е вистински тренинг. Обидете се да не се држите на раце или да се потпирате само минимално и не седете до крај на вашиот партнер. Во суштина, вашата задача е да правите чучњеви. Можеби на почетокот ќе ви биде малку тешко, но ако ја усовршите оваа поза, нема да ви требаат други вежби за нозете.
Извор: Попара.мк