Низ историјата, жените се средувале и дотерувале, водејќи сметка за најситните детали што ќе ги направат привлечни и пожелни
Денес, како што стандардите за убавина им наметнаа високи критериуми и очекувања на обичните мажи, жените стануваат сè преоптоварени со физичкиот изглед, но и со пластичните операции и козметички препарати.
Но жените отсекогаш се прашувале дали мажите ги забележуваат сите детали. Вистина е дека мажите едноставно се имуни на некои работи.
Точно е тоа дека тие нема веднаш да ја забележат вашата нова фризура, вишокот килограми, ниту бојата на карминот.
Она што може да биде фатално за вашата врска е да водите сметка за овие детали во текот на сексуалниот однос, а уште полошо би било да го прекинувате партнерот во страсните моменти и да го предупредувате дека би можел да ви ја растури фризурата. Тоа веднаш би го „кастрирало“!
Обидете се да се опуштите и да не мислите на тоа како изгледате. Ако тој одбрал да води љубов со вас, тоа е знак дека веќе сте му се допаднале физички, а првиот впечаток е докажано најважен.