Повеќето луѓе ги затвораат очите додека се бакнуваат, но има и некои кои секогаш ги држат очите отворени. Bright Side одвои неколку причини зошто се бакнуваме со затворени очи.
Резултатите од неколку студии покажале дека мозокот потешко се фокусира ако наоколу има повеќе визуелни дистракции. Нашата можност да ги чувствуваме работите се намалува, ако очите имаат многу работа.
Сакаме повеќе да почувствуваме
Затворањето на очите ни помага повеќе да се фокусираме, исто така ни помага да ја почувствуваме сензацијата на бакнежот, бидејќи му дозволуваме на мозокот да се концентрира на допирот.
Се чувствуваме помалку ранливо
Бакнувањето е една од најинтимните активности, а некои луѓе притоа се чувствуваат ранливо. За да избегнеме ситуација на непријатност, автоматски ги затвораме очите кога некој ќе тргне да нè бакне.
Алтернативата е чудна
Иако контактот со очи е посакуван, тоа не е така кога станува збор за бакнувањето. На некој може да му биде непријатно ако забележи дека го гледате во очи додека се бакнувате. Науката вели дека мозокот би можел да се преоптовари со сензации, па може или премногу да чувствувате или воопшто ништо.
Извор: Попара.мк