Љубов и Секс

Дали ги пробавте? Топ 5 сексуални трендови во 2020 година

Дали ги пробавте? Топ 5 сексуални трендови во 2020 година

Поради физичкото растојанието и стресот што го доживеавме, оваа година не беше баш најдобра за секс. Сексуалните терапевти ги издвоија петте најпопуларни секс трендови оваа година, а сè се сведува на удобност и интимност.

Заедничка дигитална мастурбација
Кога дистанцата нè оддалечи физички од партнерот, луѓето се свртија кон виртуелниот секс и сексуалните играчки. Ова им овозможи да му се препуштат на сексот преку екранот, што всушност е одличен начин да научат што го возбудува партнерот и да ја подобрат комуникацијата додека зборуваат за своите фантазии.

„Има многу новости во оваа област бидејќи индустријата за сексуални играчки продолжува да расте, а поради технологијата, паровите беа во можност да им се препуштат на страстите, колку и да се оддалечени. Покрај тоа, добивме можност да испробаме нешто различно од обичниот секс“, вели сексологот Дебра Лаино.

Приклучок
Дебра вели дека 2020 година била добра година да се приспособи на своите сексуални потреби и да му ги пренесе на својот партнер. Приклучокот, верзија на кучешка поза препорачана од сексуалната терапевтка Рејчел Нидл, совршено одговара за тоа.

Оваа положба го става вашиот клиторис во центарот на случувањата. Потпрете ги главата и рацете на работ на креветот, а партнерот нека ве фати за колковите и нека ве подигне нагоре. Потоа, жената може да ги завитка нозете околу грбот на партнерот додека тој пенетрира.

„Тоа ви дава можност да играте со клиторисот со едната рака, па дури и само да го триете од креветот, ако се придвижите малку напред“, изјави д-р Нилд за „Здравје“.

Споени на колковите
Ова е друга верзија на кучешката поза и ви овозможува длабока пенетрација. Жената лежи испружена на стомак, со споени нозе, а нејзиниот партнер лежи на стомак на неа.

„Оваа поза, покрај длабочината на пенетрацијата, нуди и многу возбудливо триење кај мажот и кај жената“, вели д-р Нилд.

Лежечки полицаец
Ова е исклучително удобна позиција за жената, во која таа лежи опуштено додека партнерот „работи“. Жената треба да лежи на грб и да стави перница под задникот, а партнерот да лежи на неа и да пенетрира.

„Перницата му овозможува на вашиот партнер полесно и подлабоко да навлезе во вас. Само опуштете се и уживајте“, советува д-р Нидл.

CBD лубриканти
Ова беше година на голем успех за CBD лубрикантите, поради растот на производите на CBD, не само во велнес-светот, туку и во сексот. Овие лубриканти можат да ја опуштат вагината, па оргазмите се посилни. Овој трик можете да го користите во која било поза, само намачкајте ги гениталиите и уживајте.

извор:кафепауза.мк

To top